Подкаст: Куса приказна за гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари - a podcast by AED EKVALIS

from 2020-08-25T10:29:35

:: ::

Оваа епизода ги обработува аспектите на дискриминација врз жените од општината Шуто Оризари. Откако последната докторка по гинекологија, во јануари годинава, ја пресели својата ординација во друга општина, жените во Шуто Оризари, повторно, се оставени без гинеколошка амбуланта.



За илустрација, во други општини со приближна големина, има по околу 10 амбуланти, а во Шуто Оризари нема ниту една.


Разговараме со Салија Бекир Халим, една од основачките на неформалната група 'Иницијатива на жени од Шуто Оризари', којашто беше една од првите јавно да реагираат на преселбата на ординацијата во јануари.




По слушањето на овој подкаст, предлагаме да размислите за следново:

1. Каде се воочува дискриминација во опишаните случаи?

2. Дали, и како, се преклопуваат различните видови дискриминација во овие случаи?

3. Дали вие некогаш сте биле жртва или сведок на родова дискриминација? Како сте постапиле?

4. Што треба да преземе македонското општество за дискриминацијата воочена во овој подкаст да биде отстранета од општеството?

Further episodes of Еквалис

Further podcasts by AED EKVALIS

Website of AED EKVALIS