Подкаст: За унапредувањето на работната позиција во една државна институција - a podcast by AED EKVALIS

from 2020-08-31T09:40:34

:: ::

Во петтата епизода од мини-серијалот подкасти кои прикажуваат реални случаи на дискриминација зборуваме за дискриминацијата врз основа на политичка припадност и политичко уверување.


По втор пат, ни гостува Игор Јадровски, проектен менаџер во областа на дискриминацијата во Хелсиншки комитет за човекови права. Покрај тоа што разговаравме за конкретниот случај на дискриминација утврдена во една македонска државна институција, Игор образложи подетално и за состојбата со Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој пред половина година беше укинат од страна на Уставниот суд, како и за начините на докажување дискриминација со и без овој закон.


По слушањето, предлагаме да размислите за следново:

1. Каде се воочува дискриминација во случајот раскажан во овој подкаст?

2. Дали вие некогаш сте биле жртва или сведок на ваков или сличен вид дискриминација?

3. Кои се начините на докажување дискриминација со и без Закон за спречување и заштита од дискриминација?



Further episodes of Еквалис

Further podcasts by AED EKVALIS

Website of AED EKVALIS