Ако знаеш да пуштиш музика на телефон, не значи дека си дигитално писмен - a podcast by Radio MOF

from 2023-04-13T12:54:16

:: ::

Ако имаме добар смартфон и не ги користиме неговите функции, и тоа што има милион мобилни апликации, а се ограничуваме само за дел од нив, на пример, само за слушање музика или за онлајн обложување, не може да значи дека сме дигитално писмени.


Бојан Кордалов, комуниколог и експерт за солцијални медиуми, во подкастот „YouThink“ зборува за онлајн живеењето, со сите предности и одговорности.  


Според него, ако 90 отсто користиме интернет, а само 10 отсто го користиме на нешто корисно во работата или слободното време, тоа значи дека 80 отсто сме дигитални неписмени.


Кордалов посочува дека наместо да бараме младите да усовршуваат вештини и знаења за да си го олеснат дигиталниот живот, можеби тие треба да ги учат останатите.


„Традиционалните медиуми ретко ги таргетираат младите луѓе и многу малку луѓе креираат програма во традиционалните медиуми. За да
дојдат младите во медиумите, но и медиумите кај младите, потребна е стратегија за тие да креираат содржина. Младите може да дадат многу нови форми, кои и пред 15 години кога се појавија социјалните медиуми беа несфатливи, но денеска терминот ‘социјална телевизија’ е многу видлив“, вели Кордалов.




Further episodes of Радио МОФ Подкасти

Further podcasts by Radio MOF

Website of Radio MOF