„Јавна соба“ - за 8-ми Март солидарност со жртвите, а не насилниците - a podcast by Radio MOF

from 2021-03-08T08:49:39

:: ::

Пред повеќе од една година македонската јавност дозна за „Јавна соба“, затскриено ќоше каде на подол начин беа изнесени најприватните интимности на број девојчиња, девојки и жени. 


Денес, „Јавна соба“ сè уште го замрачува македонскиот интернет простор. И по една година клучот не е пронајден, а сè повеќе жени го споделуваат своето искуство. „Јавна соба е кривично дело“ беше мотото на протестот за преземање институционални мерки. 


Денес е закажан втор протест за „Јавна соба“ овојпат под мотото „Држава што не постапува е држава што силува. Ќе се побара расчистување на случајот и ефикасно, ефективно и професионално постапување во случаите на родово засновано насилство. Жените истовремено бараат и отфрлање личните на предрасуди, непотизмот и корупцијата, но и солидарност со жртвите, наместо насилниците.

Further episodes of Радио МОФ Подкасти

Further podcasts by Radio MOF

Website of Radio MOF